ОЧАЈНА МАЈКА: „Мислев дека пиењето пиво во бременоста е добро, не знаев дека ќе се роди…“

Секое стото бебе се раѓа со тешки пореметувања. Иако алкохолот во бременоста е поштетен од кокаинот и пушењето, бремените жени добиваат двосмислени пораки за тоа колку смеат да пијат, открива еден контраверзен документарен филм.Бремените жени ги загрозуваат своите неродени деца поради конфликтните упатства на лекарите, во однос на тоа колку алкохол смеат да испијат.
Многу мајки сметаат дека воопшто не е штетно да се испијат по две чаши алкохол во неделата и со тоа го загрозуваат здравјето на бебето. Некои, како што е Сем, чиј 11-годишен син е роден со алкохолен синдром, мислеле дека квалитетното пиво е дури и добро за развојот на фетусот.
„Бев на ултразвук, а потоа испив едно или две пива. Мислев дека пивото е добро за бебето. Не добив никаков совет и верував дека можам да испијам колку сакам, а дека алкохолот едноставно ќе излезе од организмот. Никогаш немав слушнато за фетален алкохолен синдром“, рекла Сем, чие презиме не е откриено.
Таа признава дека е зависна од алкохолот и дека затоа не се откажала од пиењето дури ни во бременоста. Дури откако се родил Стенли, оваа самохрана мајка сфатила дека мора да се ослободи од зависноста. Вели дека веќе десет години е трезна. Но, штетата е направена.

„За прв пат слушнав за феталниот алкохолен синдром кога Стенли имаше две години. Имаше рефлукс и премала глава. Дури тогаш сфатив што направив и дека тој никогаш нема да има нормален живот“, рекла Сем, чиј син има неконтролирани изливи на бес.
Не постои сигурно количество на испиен алкохол
Поради недоволно јасни упатства, многу британски мајки признаваат дека се збунети и не знаат што треба да прават во бременоста.
„Колку што сфаќам, не би требало да пијам, но можам ако посакам“, се исповедала една мајка.
„Алкохолот е отров. Токсичен е за ткивото на бебето во развој“, истакнува педијатарот д-р Мери Метер и истакнува дека не бремените жени мора да им се објасни дека не постои сигурно количество на испиен алкохол за време на бременоста.
„Мислам дека бремените жени треба да се исплашат со фетален алкохолен синдром. Тоа е неизлечив доживотен инвалидитет. Време е здравствените работници да почнат на бремените жени да им даваат јасни и прецизни упатства за можни ризици во бременоста“, предупреди Метер.
Во документарниот филм „Експозе: Кога бремените жени пијат“, прикажано е како децата чии мајки пиеле во бременоста, цел живот ќе се мачат со бројни развојни, интелектуални и социјални потешкотии. Некои ќе имаат карактеристични обележја на лицето, поради кои синдромот лесно ќе се препознава, но повеќето ќе страдаат од невидлив инвалидитет.
Овој синдром го запира нормалниот развој. Некои неврони умираат, а некои настануваат на погрешни места, со што одредени подрачја од мозокот стануваат сосема нефункционални.Бремените жени ги загрозуваат своите неродени деца поради конфликтните упатства на лекарите, во однос на тоа колку алкохол смеат да испијат.

Пронајдете не на следниве мрежи: