Очајна мајка напишала писмо до исчезнатиот син: „Умирам од желба да те видам, но НЕ ЗНАМ КАДЕ СИ“

Избезумена мајка напишала потресно писмо до својот 6- годишен син, откако исчезнал со татко му.Лејла Дед упатила емотивна порака до јавноста, замолувајќи да и помогнат да го најде синот Мани, кој во моментов е предмет на семејна судска парница.
Момчето исчезнало од куќата во Киелц Полска во почетокот на годината, а се смета дека е во Велика Британија со татко му Заин Деан. Откако судот им дозволил на адвокатите да ги објават деталите околу судењето, мајката напишала писмо до Мани, во надеж дека така полесно ќе го пронајде.
„Те молам душо, не грижи се. Ветувам дека наскоро ќе се видиме. Многу ми недостигаш. Умирам од желба да те видам, но не знам каде си. Знам дека наскоро ќе се видиме, а кога малку ќе пораснеш, се ќе ти објаснам, па ќе сфатиш дека никогаш не би сакала да бидеме разделени. Ти отсекогаш беше со мене и секогаш ќе бидеш. Секогаш ќе бидеш во моето срце“, напишала мајката.
„Кога ќе те видам, силно ќе те прегрнам и нема да те пуштам. Кога повторно ќе бидеме заедно, се ќе се врати во нормала. Ветувам дека ќе бидеш сигурен. Ти веројатно не знаеш што се случува, но те молам немој да се грижиш. Знам дека помина многу време откако се видовме, но јас многу те сакам, ти си во моето срце и во моите мисли секоја секунда, секој ден.

 
Ветувам дека наскоро ќе бидеме заедно. Те сакам до месечината и назад. Секој ден се молам и се надевам дека некој ќе го види ова писмо и фотографиите и ќе пријави во полиција, за што побрзо да бидеме заедно.
Ве молам може ли некој да ми помогне да го најдам своето дете.

Мани, те сакам и многу ми недостигаш секоја секунда. Ветувам дека никогаш никој нема да не раздели. Твојата мама“, напишала очајната жена.
Парот се венчал во 2008 година во Англија, а по пет години се преселиле во Полска. Во 2014 Деан се вратил во Англија, а момчето останало со мајката. Во почетокот на годината мајката се согласила таткото да го одведе детето на краток излет, но од тогаш не го видела.Лејла Дед упатила емотивна порака до јавноста, замолувајќи да и помогнат да го најде синот Мани, кој во моментов е предмет на семејна судска парниц

Пронајдете не на следниве мрежи: