„Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковското Езеро. Да биде откриена вистината за Дива Населба“. Ова се зборовите со кои лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и предводник на коалицијата „За живот во Македонија“, Зоран Заев, се бори да биде заокружен неговиот број на 11 декември од бината во центарот на Охрид.Kампањата се приближува кон крајот, но и рејтинзите и анкетите наметнуваат тензична ситуација во која, како што се покажа и неколку пати претходно последните две години, Заев ги користи немилите настани заканувајќи се дека ќе ја открие вистината. Тој ги повторуваше овие фрази за пржинските маратони со цел да се прифатат неговите услови и барања. Истото е и за време на бомбите. Граѓаните ја очекуваа големата вистина, но никогаш не ја слушнаа, пишува Дневник.
Зошто лидерот на СДСМ ги користи болните спомени на семејствата на загинатите млади момчиња за време на митинг во борбата за гласови? Зошто ги споменува имињата на други загинати во предизборна кампања? Ако ја знае вистината за сите три случаи, како што веќе повеќе од две години зборува, зошто не е на виделина? Зарем е политички коректно и човечки во ситуација кога има осудени и на доживотно, тој во борба за гласови да скандира дека с` е наместено, а притоа ништо не е докажано?
На сите овие прашања упатени до СДСМ вчера немаше одговор. Веројатно кампањата е поважна иако е бескрупулозна и навивачка до степен на разорување на душите на семејствата на загинатите.
Во ситуација кога постои специјално јавно обвинителство и шеф на клучно, во врска со овие случаи, Министерство за внатрешни работи од редовите на СДСМ, досега требаше барем да почне да се отвора Пандорината кутија за која Заев зборува. Но, цело време докази нема, а остануваат заканите и уцените за вистината што лебди некаде во воздухот и ги убива семејствата на настраданите.
Да не заборавиме дека за време на бомбите водачот на најголемата опозициска партија зборуваше дека невини луѓе лежат за масакрирањето на момчињата кај Смилковскто Езеро додека родителите и роднините го молеа и јавно да отвори процес, да каже што знае. Подоцна тој се премисли за повторно да почне да се заканува летото 2015 кога маратонските преговори за излез од кризата беа прогласени неуспешни. Тогаш дури и им испрати пораки на мобилните телефони на семејствата на момчињата дека ќе им испрати с` што поседуваат. Брзо потоа пак се премисли.
Сега разговорите од кои треба да произлезат наводните поинакви вистини се во рацете на СЈО, но од обвинителството нема најава дека клопчето ќе се одврзува.
По целиот период на закани, па премислувања, во ноември оваа година во едно телевизиско интервју Заев рече дека всушност не ги објавил материјалите оти станувало збор за полувистини, а не за вистини, кои ќе разгореле страсти и незадоволство, па затоа било подобро да ~ ги даде на обвинителката Kатица Јанева.
Во меѓувреме блиските на настраданите во очај чекаат иако не им е јасно што точно бидејќи човекот што тврди дека ја знае вистината тоа го злоупотребува среде изборна кампања, но продолжува да си ја чува за себе. Исто како и специјалното јавно обвинителство, така и Министерството за внатрешни работи.Kампањата се приближува кон крајот, но и рејтинзите и анкетите наметнуваат тензична ситуација во која, како што се покажа и неколку пати претходно