Очајни затоа што сајтот за запознавање ги одбил, тие потполно го промениле својот изглед

Сајтот за запознавање BeutifulPeople.com одбил 7,5 милиони апликации. Сајтот прифаќа на него да бидат луѓе кои се оценети како „преубави“. Но некои не можеле да се помират со тоа, па почнале да работат  на себе и потполно го промениле својот изглед. Одбивањето им го променило животот.Да би можеле да се придружите на сајтот  BeutifulPeople.com, морате да објавите своја фотографија и да почекате членовите од  спротивниот пол  а ве оценат за да можете да се регистрирате.
 Откако е отворен во 2003 година, овој сајт одбил 7,5 милиони пријави. Но секоја четврта одбиена личност одлучила да направи драстична промена во својот изглед и повторно да се обиде  да се пријави.
Кели ОДонел, консултант за исхрана од Канада, го променила својот изглед до непрепознатливост.

„Кога сфатив дека имам 90 килограми, знаев дека морам  да го променам својот живот . ми се смачи од одбивања. Затоа одлучив  да научам се што можам за правилната исхрана и почнав да вежбам. По осум години успеав да ослабам 40 килограми и никогаш не сум била посамоуверена од денес“, вели Кели.

Александра Пејзек, студентка по администација од Полска , вели дека трансформацијата значително и го подобрила животот.

„Не сакав да бидам ништо, па почнав да го менувам својот живот- го променив начинот на исхрана, почнав да одам на фитнес, да пливам, да возам велосипед и да одам на зумба. По година дена изгубив 8 килограми, ја пуштив косата и станав навивачка и фотомодел“, вели таа.

 

Александар Сјегвард, студент од Германија, вели дека неколку пати бил одбиван кога сакал да се регистрира на сајтот.

„Затоа одлучив да го променам својот живот и да стекнам самодоверба. Вежбав седум пати неделно девет месеци, а сега уживам во погледот во огледало и во вниманието кое другиоте ми го подаруваат“, објаснува тој.
Да би можеле да се придружите на сајтот  BeutifulPeople.com, морате да објавите своја фотографија и да почекате членовите од  спротивниот

Пронајдете не на следниве мрежи: