Очајничка порака која стана хит на интернет: „Имам две дипломи, а сега чистам туѓи го*на“

Бенџамин Серра Бошч има 25 години, роден е во Шпанија а работи во Лондон. Имено, тој напиша интересна порака на Фејсбук која го пренесоа сите светски медиуми:
„Моето име е Бенџамин имам две дипломи, а чистам туѓи го*на.
Тоа не шега. Работам за да платам соба во Лондон. Работам во познат угостителски ланец во Велика Британија, а дури сега ми стана јасно што всушност работам јас. Помислив- заслужив две дипломи од кои едната е магистерска, а сега чистам го*на во земја што не е ни моја. Исто така правам кафе, мијам садови и чистам столици.

 
Не се срамам од тоа што го работам. Чистењето е пристојна работа. Се срамам затоа што во Шпанија не ми беше дадена шанса да работа. Јас и многу други Шпанци решивме да отидеме во Лондон. Но, да не се лажеме ние не сме млади кои сме пошле во авантура за нови искуство и  желба да учимедруг  јазик туку реално ние сме имигранти.
Секогаш сум бил горделив, тоа ќе  го потврдат оние кои ме познаваат. Но, овде морам да бидам секогаш насмеан и покрај тоа што многу клиенти знаат да бидат многу непристојни. Понекогаш имам желба да ги извадам моите дипломи и да им ги фрлам во лице. Каква штета, но, за жал денес дипломите ништо не значат. Мислев дека заслужувам нешто повеќе затоа што многу се трудев додека студирав. Но, се чини дека се излажав.“- напиша момчето.Имено, тој напиша интересна порака

Пронајдете не на следниве мрежи: