Очајнички сакала да ослабе, но не насетила што ќе ѝ се случи!

Желбата на оваа девојка да ослабе ја одвела во светот на анорексијата. Тоа било едно страшно искуство, чекорела по тенка линија помеѓу животот и смртта. Но таа на крајот успеала да ја победи болеста. За да им помогне на другите во слична ситуација, ја споделила својата приказна и сите детали од својата борба.„Ова е мојата приказна, мојот живот со анорексија. Имам 15 години. Да можам да го вратам времето, би сменила се. Сигурно.
Некогаш бев среќна, нормална девојка, не размислував за тоа што јадам и колку калории внесуам.“
Во еден момент работите  излегле од контрола. На почетокот  сакала само малку да ослабе за да изгледа добро  во  бикини, а потоа секој ден јадела се помалку и помалку.
Постојано ѝ било ладно, па на училиште секој ден одела со шал и ракавици. Но не се откажувла од диетата и вежбањето. Тренирала и  во оние денови кога не јадела ништо.
„Мислев дека изгледам добро, никогаш претходно ги немав „видено“ своите коски. Се чувствував витка“, рекла таа.
Губела по три колограми неделно и стигнала до 38 килограми. Еден ден колабирала, завршила во болница и за малку  ќе го изгубела животот.
Докторите не ја пуштале дома, завршила на психијатриското одделение за млади. И во болница ја одбивала храната, умеела  неделно да изеде само неколку  парчиња препечен леб. Се претворила во жив скелет.

Пресвртот се случил кога почнала да се храни преку цевче, морала да јаде и килограмите почнале да се враќаат.
Бројот од 40 килограми била најголемата надеж дека ќе ја победи анорексијата и успеала во тоа. Ја напуштила болницата, се вратила дома.
Кога килограмите почнале да се враќаат, повторно се погледнала во огледало и  ѝ се допаднало она што го видела.
„Ова е мојата приказна, мојот живот со анорексија. Имам 15 години. Да можам да го вратам времето, би сменила се. Сигурно.
Некогаш бев

Пронајдете не на следниве мрежи: