Вечерашниов натпревар против селекцијата на Шкотска во рамките од квалификациите за претстојното Светско Првенство е од огромна важност за нашата национална фудбалска репрезентација.Победа ни е потребна по секоја цена, а доколку таа се случи, тогаш ќе имаме фантастична можност да во завршницата од квалификацииве се избориме за одличното трето место, кое во наредниот квалификациски циклус со сигурност ќе донесе многу полесна група отколку оваа.
Веќе познато е дека македонската селекција за овој натпревар нема да смета на Агим Ибраими, кој поради жолти картони ќе отсуствува од мечот, а на мали повреди се пожалиле Горан Пандев и Томе Пачовски.
Македонската селекција со освоени 7 бода се наоѓа на четвртото место во групата, трета е селекција на Србија со освоени 8 бода, додека пак четврта е селекцијата на Велс со 6 бода, токму Велс и Србија вечерва ќе ги одмерат силите, откако Србија на домашен терен славеше со убедливи 6-1.
По натпреварот со Шкотска, на нашата селекција ќе и преостанат уште два натпревари, на гостински терен кај селекцијата на Велс, и на гостински терен кај селекцијата на Србија.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 20,30 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Фото: ffm.com.mkПобеда ни е потребна по секоја цена, а доколку таа се случи, тогаш ќе имаме фантастична можност да во завршницата од к