Очекувано: Половина од хакерските напади доаѓаат од Америка и Русија

Пред неколку години Кина го заземаше првото место, меѓутоа властите на оваа држава успеаја да се изборат со овој проблем и значително да го намалат сајбер криминалот.САД и Русија се извор на половина, поточно 45% од вкупните хакерски напади во светот, во 2013 година – се наведува во истражувањето на компанијата Касперски Лаб, објавено на рускиот интернет форим РИФ+КИБ. САД се наоѓа на првото место со удел од 25,54%, а Русија е на второто место со 19,44%, пренесува Итар тас.
Кина испадна од листата на топ десет најголеми земји кои се извор за веб напади. Властите на Кина успеаја да тргнат многу злонамерни програми од локалниот сајбер простор, а истовремено ги заострија правилата за регистрација на доменот .cn. На тој начин, минатата година Кина се најде на 21-то место од листата.
Вкупниот број на интернет нападите во различните земји е зголемен за 7% во однос на 2012 година, односно на 1.7 милијарди – наведе Касперски.САД и Русија се извор на половина, поточно 45% од вкупните хакерски напади во светот, во 2013 година – се наведува во истражувањето на компан

Пронајдете не на следниве мрежи: