Никој не ужива во досадните домашни работи, но на сета среќа постојат мали трикови со кои можете да се послужите за да си ја олесните работата, но и да заштедите време и пари во исто време.Загорено тавче
Овој проблем ќе го решите доколку помешате малку вода и шолја оцет. Во оваа чудотворна мешавина додадете и една лажичка сода бикарбона, а потоа сипете ја во тавчето. Оставете да делува пет минути, а потоа измијте со сунѓер.
Блендер
Наполнете го блендерот со топа вода и малку детергент, а потоа вклучете го. Потоа само измијте го со вода.
Шпорет
Доколку не сакате да користите силна хемија за да ја исчистите кујната, сличен ефект можете да постигнете така што на крпа ќе сипете обично растително масло, а потоа ќе ги избришете замачканите рингли.
Мијалник
Мијалникот можете да го исчистите со помош на сунѓер, неколку аспирини и малку алкохолен оцет. Таблетите аспирин здробете ги и помешајте ги со оцетот и истријте го мијалникот. Потоа пребришете со влажна крпа.
Вотка
Овој пијалок одлично ги чисти работните површини, бањата и кујната. Едноставно ставете малку на сунѓер и исчистете се што сакате.
Мокри обувки
Мокрите обувки најбрзо ќе ги исушите доколку во нив ставите весник во кој сте ставиле ориз.
Дамки на тепихот
Не грижете се и овој проблем можете да го решите брзо и лесно. Во спреј шишенце ставете вода и оцет, а потоа напрскајте ја дамката на тепихот. Потоа ставете мокра крпа на дамката и со пегла испеглајте го проблематичниот дел.
Скршено стакло
Најлесно ќе го соберете со помош на обично парче леб. Дури и оние наjситните парчиња.
За бањата да блеска ќе ви помогне сок од половина грејпфрут и малку сол. Вашата бања ќе блеска и без хемијаЗагорено тавче
Ов
Пронајдете не на следниве мрежи:



