Лаза Поповиќ е пензионер од Црвенка кој кобната сабота кога е брутално убиена Јелена Марјановиќ, на 2. април, околу 15:50 часот забележал жена маж и дете како заедно трчаат во насипот во Борча.Поповиќ во ниту еден момент не тврди дека тоа е токму семејството Марјановиќ, меѓутоа, ако се земат во предвид местото и времето, како и тоа дека семејството на Јелена тврди дека на насипот заминала со сопругот Зоран и ќерката Јана, се заклучува дека тие се единствениот пар со дете коишто тоа попладне се наоѓале кај насипот.
За разлика од Зоран Марјановиќ, сопругот на Јелена, кој цело време тврди дека таа сама трчала, Поповиќ вели дека тројцата заедно трчале и истакнува дека жената во ниту еден момент не била сама и дека на насипот немало никој освен човек со стап и деца коишто играле фудбал, а родителите ги гледале од трибините.
„Жена, маж и дете помеѓу нив во спортска опрема трчаа во насипот кон рампата во Црвенка. Поминаа и покрај местото на злосторството“ – изјавил Поповиќ за српски Телеграф.
Тој наведува дека на насипот бил до 17 часот и дека сѐ било мирно:
„Никаква гужва, трчање или паника. Немаше ништо. Дури утредента забележав многу полиција, а од соседите слушнав што се случило“ – додаде тој.Поповиќ во ниту еден момент не тврди дека тоа е токму семејството Марјановиќ, меѓутоа, ако се земат во предвид местото и времето, како и тоа дека с