ОЧИ В ОЧИ СО СМРТТА: Трогателна исповед на имигрантката чија приказна го освои светот!

Минатиот понеделник, светот го обиколија фотографии од страшната хаварија на брод преполн со имигранти во близина на островот Родос.Малечка едрилица удрила во карпите, а спасувачките служби и локалните жители брзо скокнале во помош и спасиле стотина луѓе кои главно пристигнале од Африка. За жал, три лица ги загубиле животите.
Најистакнатата фотографија беше спасувањето на една млада девојка, која неколку добри самаританци во последен момент ја извлекле од ладното море.
Таа изгледала исцрпено и измрзнато, но не се предавала и на крајот ја исполнила својата цел – доаѓањето на европско тло.
Подоцна било откриено дека девојката се вика Вегаси Небиат, дека има 24 години и доаѓа од Еритреја.
Таа минала три дена во болница по бродоломот. Денеска е слободна личност и веќе е на пат кон Атина. Вели дека тоа не е нејзината конечна дестинација.
„Сакам да патувам низ цела Европа. Сепак, најмногу би сакала да живеам во Шведска“, изјавила Вегаси за Дејли Мејл, признавајќи дека се чувствува како најсреќната личност на светот.
„За малку ќе умрев пред четири дена, но денеска сум најсреќната личност на светот. Сѐ уште немам никакви планови, но ќе смислам што ќе правам понатаму“.
Големата авантура на младата Африканка започнала уште пред месец дена. Во Еритреја живеела со нејзините родители и братот, кои работеле и дење и ноќе за да можат на Вегаса да ѝ обезбедат пари за да замине во Европа. Им платиле 10.000 долари на криумчарите.
„Од главниот град Асмаре заминав со автобус до Тесенеј. И тука започна моето патување. Морав да пешачам 70 километри до едно село кое се граничи со Судан“.
Таму ја собрале криумчарите и ја однеле до главниот судански град Картум, од каде со лажен пасош долетала со авион до Истанбул.
„Три дена бевме во Мармарис. Во понеделникот нѐ качија на дрвен брод со кој дојдовме до Родос. Според моите проценки, на тој брод најмногу можеше да има 30 луѓе. Ние бевме повеќе од стотина“.
Патувањето траело полни шест часа, но капетанот не можел да маневрира со преполниот брод и се удриле во карпите.
Жителите на Родос се покажале како дарежливи луѓе и на престрашените патници со денови им давале храна, облека, вода,…
„Ова е страшно. Заштедените пари на поголемиот дел од овие луѓе завршија во водата. Што ќе прават сега, каде ќе одат…“, се запрашал шефот на полицијата на Родос.Малечка едрилица удрила во карпите, а спасувачките служби и локалните жители брзо скокнале во помош и спасиле стотина луѓе кои главно пристигнале о

Пронајдете не на следниве мрежи: