Очите – главна инспирација на изложбата „Les yeux de la mama“

Во среда, 21 декември, со почеток во 20:00 часот во концептуалната продавница „Wonderlust“, ќе биде отворена изложбата „Les yeux de la mama“ .На изложбата ќе бидат претставени нови и симболички дела на Крсте Анастас Глигорјадис и Христина Тарабунова, каде што извор на инспирација се очите.
Појдовна точка е погледот на секоја мајка како портал на чистотата, немирот и безусловната љубов. Делата се надреално претставени и носат длабока мистичност и носталгичност. Авторите ja потикнуваат длабоко поетската уметност претставувајќи ја на меланхоничен и едноставен начин.
Настанот музички ќе биде поддржан од Dj George Lee.
Продавницата „Wonderlust“ се наоѓа на ул. „Македонија“На изложбата ќе бидат претставени нови и симболички дела на Крсте Анастас Глигорјадис и Христина Тарабунова, каде што извор на инспирација се очите

Пронајдете не на следниве мрежи: