Три сестри, Даниел, Тери- Ан и Патрисија, биле злоставувани од страна на својот татко, а потоа 20 години подоца го нашле на фејсбук и го довеле пред лицето на правдата.Џејмс Лотон е уапсен во авион на аеродромот „Хитроу“ откако сестрите им јавиле на властите дека го лоцирале, по што педофилот и силувач е уапсен и притворен.
Девојките 10 години ја криеле тајната една од друга, а потоа следело ужасно признание. Бил ангажиран детектив кој помогнал да се најде човекот кој уништил три детства.
Тие собрале сили и излегле пред јавноста за да објаснат за какви ужасни работи бил способен нивниот очув.
„Џејмс ни ја одзема невиноста, ни ги зеде најубавите години од животот. Бевме само мали девојчиња, но тој ја искористи приликата и не вознемируваше на најужасен начин. Се уште не прогонува тоа што Џејмс ни го правеше. Ни се враќаат слики и фактот дека е во затвор е единствената правда која ја баравме“, рекла најстарата сестра (30), Даниел Михалик- Меј.
Тери- Ан навела дека открила каде се наоѓа Лотон во моментот.
„Го барав на фејсбук и не можев да верувам дека живее во Боцвана во Африка со нова жена. Крвта почна да ми врие, не знаев дали има уште деца и дали ќе ги вознемирува како нас. Се претставив лажно и почнав конверзација со него. Некако успеал да дознае кој стои зад лажниот профил, а потоа ми се јави некој доктор кој ми напиша дека Џејмс е мртов“.
Сестрите го пријавиле случајот во полиција, а органите на правдата го следеле Лотон три години, а потоа во март оваа година го уапсиле на „Хитроу“. Силувачот заработил 12 години затвор поради злоставување на трите сестри од 1993 до 1999 година.
Лотон и претходно била апсен, поточно во 1999 година поради сексуално вознемирување во родната Ирска, по што одлежал три години во затвор.
„Правдата е спора, но достижна. Се надевам дека ќе изгние во затвор. Тој е наужасното суштество на светот, само останува надежта дека нема да му пријде на ниту едно дете во животот“, вели Тери- Ан.Џејмс Лотон е уапсен во авион на аеродромот „Хитроу“ откако сестрите им јавиле на властите дека го лоцирале, по што педофилот и силувач



