Од 1 септември задолжителна СКОПСКА картичката

-Почнувајќи од 1 септември 2016 година, сите лица кои ќе го користат јавниот превоз во Град Скопје, задолжително ќе мораат да ги користат СКОПСКА картичките, без разлика дали ќе користат возила од ЈСП СКОПЈЕ или пак од приватните превозници, велат од Град СкопјеЕдинствениот тарифен систем за јавен превоз во Град Скопје, ќе започне да функционира од 1 септември 2016 година, а цените на услугите на ЈСП- Скопје и приватните превозници ќе се изедначат.
Автобусите ќе се движат по единствени линии- ЈСП и приватните превозници ќе имаат строго определени линии на движење, оптимизација на возниот ред и стриктно придржување кон истиот.
На овој начин, се очекува намалување на турканиците во автобусите и навремено пристигнување до посакуваната дестинација на граѓаните.
Со вкупно 590 возила, од кои ЈСП- Скопје со 385 и приватните превозници со 205, Градот Скопје ќе ги опслужува граѓаните со јавен транспорт.
Сите овие возила се опремени со валидатори и ГПС уреди, преку кои во релно време може да се лоцира возилото, да се провери дали застанува на сите постојки, со која брзина се движи…
Сите наведени работи се следат од страна на Оперативниот контролен центар (ОКЦ), кој во однос на било каков настанат проблем- доцнење на возила, настанување на технички проблем на возилото и така натаму, соодветно реагира (пуштање во сообраќај ново возило, дополнително, сервисна кола, информира за затворање на улици и промена на траса итн.)
Со целосното преминување на системот за наплата со електронските картички, од 1 септември 2016 година, целосно се укинуваат хартиените билети.
-Нашата цел е што повеќе да ги приближиме граѓаните кон јавниот транспорт, преку подобрување на квалитетот на услугата. За секој потег кој се повлекува, секогаш се консултираме со граѓаните и во најголемиот дел од нивните барања, излегуваме пресрет, информираат од ЈСП-Скопје.Единствениот тарифен систем за јавен превоз во Град Скопје, ќе започне да функционира од 1 септември 2016 година, а цените на услугите на ЈСП- Скоп

Пронајдете не на следниве мрежи: