Општина Илинден во насока на промовирање на современите културни достигнувања, од 16 до 21 мај 2016 година, во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, ќе ја организира 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“.Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 16 мај, со почеток во 19:00 часот, а централниот настан – Поетски митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 20 мај, со почеток во 19:00 часот, со настап на дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.
Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 16 до 20 мај ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.
Манифестацијата, покрај другото, ќе биде збогатена со промоции на книги од повеќемина автори. Ќе биде промовирана антологија на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан, романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски, промоција на македонското издание на поетската книга „Сончев појас – осамени стихови“, на поетот од Република Бугарија, Владимир Луков, како и повеќе промоции на книги од млади автори.
Во рамките на манифестацијата ќе бидат одбележани и Осумдесет години од раѓањето на современите македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов кои што оставија неизбришлива трага во македонската литература. Како дел од Литературната манифестација „Илинден 2016“ ќе се одржат повеќе литературни средби, а присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на доајенот на македонската ликовна уметност, академик Васко Ташковски.
Неодминлив дел и од годинешната 17-та по ред Литературна манифестација ќе биде традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќемина писатели за деца и млади, а своја платформа за афирмација ќе имаат и младите неафирмирани поети.
Општина Илинден ги поканува сите љубители на пишаниот збор да ја посетат 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ и да присуствуваат на бројните културни настани.
За таа цел Општината организира превоз за вечерните настани што во текот на цела седмица додека трае Манифестацијата ќе се случуваат во Домот на култура „Илинден“.
Секој ден од паркингот пред хотелот „Холидеј Ин“, во центарот на Скопје, во 18:00 часот ќе поаѓа автобус број „63“ кој ќе ги превезува посетителите на Манифестацијата до Општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши вечерниот настан, што почнува во 19:00 часот. Влезот за сите културни настани е слободен.Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 16 мај, со почеток во 19:00 часот, а централниот настан – Поетски митинг „Стихови