Од БЕСА велат дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ подготвуваат Влада со нов мандатар

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ подготвуваат нов мандатар за состав на новата Влада, тврди Африм Гаши од БЕСА.Tој за 24 вести вели дека неговата партија нема да поддржи таква коалиција бидејќи според него, на таа влада и натаму на чело ќе биде Никола Груевски.„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разработуваат сценарио според кое иден мандатар би бил некој нов Емил Димитриев. БЕСА нема да поддржи влада која ќе ја предводи личност од ВМРО-ДПМНЕ“ – вели Гаши
За оваа информација нема потврда ниту во ВМРО-ДПМНЕ ниту во ДУИ.Во моментов мандатот за формирање на нова Влада е кај Претседателот Иванов. Тој врши широки консултации по што се очекува мандатот да му го додели на оној мандатар кој ќе покаже дека има мнозинство во Собранието за да формира Влада.Во меѓувреме политичките партии интензивно преговараат со формирање на владина коалиција.
Согласно резултатот од последните избори, за формирање на Влада потребен е 61 пратеник.Tој за 24 вести вели дека неговата партија нема да поддржи таква коалиција бидејќи според него, на таа влада и натаму на чело ќе биде Никола Груевс

Пронајдете не на следниве мрежи: