Од бременоста добив рак. Не знаев дека тоа е можно, но и да знаев – ќе го сторев истото!

Бременоста носи свои ризици, но дефинитивно никој не очекува дека ќе донесе рак. Токму тоа ѝ се случило на Ешли Шоу од Велика Британија.Младата мајка се бори за својот живот откако дознала дека поради бременоста заболела од редок вид карцином.
Имено, Ешли Шоу (26) чувствувала дека нешто не е во ред кога го родила третото дете, сега двегодишната Лејла. Нејзините менструации по породувањето биле невообичаено обилни и имала силни стомачни болки.
Ешли објаснила дека имала две тешки бремености со синовите, сега 8-годишниот Дилан и 6-годишниот Деклан, но дека немало никакви проблеми додека ја носела Лејла сѐ до 32-та недела од бременоста.
Лејла се родила осум недели пред терминот со само 2,23 килограми, но со време зајакнала.
Но, Ешли немала среќа.

По рутинскиот пап тест, наодите откриле гестациска трофобластна болест, односно редок тумор кој се развива во матката, а настанува со ненормален раст на клетките од плацентата при бременоста.
Проценето е дека овој облик на карцином се појавува во помалку од еден отсто од сите карциноми на женскиот репродуктивен систем.
Иако овој рак може да се лечи со операција, зрачење и хемотерапија, најдобрите шанси оваа мајка да преживее биле да оди на целосна хистеректомија за да не дојде до метастази.
Ешли го сторила тоа иако знаела дека повеќе нема да може да раѓа, што многу тешко ѝ паднало. Имено, сега е во нова врска и нејзиниот дечко мора да се носи со нејзината дијагноза.
„Ми дијагностицираа депресија и ми припишаа лекови и советување. Се чувствувам како грозна мајка бидејќи не можев да бидам тука за моите деца додека закрепнував. Повеќе немам матка и се чувствувам грозно поради тоа, како да не сум жена“ – опишала мајката.
Ешли се надева дека нејзината приказна ќе помогне да се крене свеста за овој редок вид на рак, за да можат жените што е можно порано да добијат дијагноза.
„Ако можам само една жена да поттикнам да отиде на лекар кога ќе забележи дека нешто не е во ред, тогаш вредеше сѐ“ – истакна таа.Младата мајка се бори за својот живот откако дознала дека поради бременоста заболела од редок вид карцином.
Имено, Ешли Шоу (26) чувствувал

Пронајдете не на следниве мрежи: