ОД ЦЕНТАРОТ НА КРВАВИОТ КАЛИФАТ: „Боже, дали некој ќе ни помогне?“

Вистината за ѕверствата на џихадистите на ИСИЛ во Рака – центарот на калифатот во Сирија, конечно се обелодени во светот и тоа благодарејќи на група храбри момчиња кои не се помируваат да живеат во наметнатите услови на фанатиците.Од „главниот град“ на калифатот, во кој неодамна беше прогласена Исламската држава, стигнуваат застрашувачки сведоштва од ретки поединци кои се доволно храбри и снаодливи да му ја соопштат вистината на светот. Еден од нив е 23-годишниот Абу Ибрахим, кој прв испрати видео во кое се гледа како крвожедните џихадисти на централниот плоштад ја распнуваат на крст својата жртва. Абу ја сокрил камерата во ракавот, потполно свесен дека тој би можел да биде следната жртва, пренесе британски Телеграф во репортажата со наслов „Во градот на ИСИЛ: Тивок масакр во Рака“.
Да не дојде до забуна, Абу Ибрахим е псевдоним, бидејќи откривањето на вистинскиот идентитет би довело до негова смртна пресуда. Тој е дел од група 16 момчиња кои во изминатите година дена водат сметка за крвожедните методи со кои исламистите се пресметуваат со неистомислениците.
Џихадистите се свесни за постоењето на оваа група храбри момчиња и затоа Абу Ибрахим и другите активисти ги ставија на врвот на својот список на најбарани непријатели.

„На последните проповеди во петокот не` прогласија за непријатели на Алах. Боже драги, не знам како се` уште успеваме да се криеме, но ете“, раскажа Абу. Тој додава дека борците на ИСИЛ често ги пребаруваат куќите, но тие се држат одвоено и се наоѓаат на различни локации од градот, а активностите ги координираат преку интернет, користејќи сложено кодирање за да ги избегнат хакерите на ИСИЛ.
„Кога станува збор за јавно погубување, се координираме така што секој снима од различна позиција; некој можеби се наоѓа во непосредна близина на егзекуцијата и снима со мобилен од џебот, другите сето тоа го снимаат од околните згради, а трети од продавницата спроти настанот“, објаснува тој.
Сепак, тие неодамна го изгубија колегата Мотаз Билах, на кого џихадистите јавно му испукале куршум во темето, бидејќи откриле дека ги критикувал на Фејсбук.
„Го уапсија Мотаз, а три дена подоцна од неговиот профил на Фејсбук ни стигна порака дека ќе биде убиен. И на 29 април објавија слика од неговото погубување“, рече Абу Ибрахим.
Опишувајќи го опасното секојдневие во Рака, Абу вели дека градот е преплавен со странски џихадисти.
„Има многу Европејци. Мажите со себе ги носат жените и децата. Ги има насекаде. Има многу жени од Холандија“, вели тој и додава дека странците имаат посебни привилегии, па ИСИЛ им дава бесплатно сместување низ градот и тоа во куќите чии сопственици ги имаат исфрлено.
Сите продавници во градот мора да имаат јасни обележја на ИСИЛ, кои дневно се затвораат по пет пати заради молитвите. По улиците без престан патролира верската полиција, чии припадници ги напаѓаат жените кај кои само малку се гледа лицето низ бурката.
Секоја непослушност често се казнува со смрт. Абу Ибрахим се присетува дека минатиот месец џихадистите ги натерале граѓаните да ја каменуваат до смрт младата Фада Сајид Ахмед.
„Никој не знае што згрешила. Ја натераа да испие анестетици за да не вреска кога ќе фрлаат камења на неа“, се присетува Абу.
„Луѓето во Рака се изморени: режимот, Ослободителната војска на Сирија и меѓународната заедница кренаа раце од нас“, тажно заклучува Абу, кој нема намера да престане да го бележи сведоштвото на своето тешко време и кој се надева дека ќе дојде моментот кога некој ќе им помогне.
Од „главниот град“ на калифатот, во кој неодамна беше прогласена Исламската држава, стигнуваат застрашувачки сведоштва од ретки поединц

Пронајдете не на следниве мрежи: