Сара Харис (27) премногу се здебелила додека била бремена. За време на бременоста и во првите денови по породувањето живеела на житарици и не внимавала на килажата. Во рок од само три месеци ослабела од 82 на 62 килограми.Сара за време на вотората бременост многу се здебелила, бидејќи не можела да и одолее на желбата за храна. Но само три месеци по породувањето успеала да намали 19 килограми.
Оваа мајка на две деца од Пејтон во Англја се плашела дека нема да може да работи како инструкторка во теретана како претходно, па почнала да вежба по породувањето и успеала да ја достигне саканата тежина за само три месеци.
За време на бременоста Сара јадела многу.
„Ми се јадеше најнеобична храна. Никогаш не сум слушнала трудница толку многу да сака житарици – а јас јадев дневно три кутии. Дури и откако се роди Луси, ги прескокнував оброците и нередовно се хранев, па не можев да се хранам како што сакам. По породувањето сфатив дека никогаш не сум имала толку килограми“, вели таа.
Сара пред да остане бремена работале како инструкторка во теретана, па секогаш била во добра форма. Кога ја родила Луси, сакала да се врати на својата стара работа, но знаела дека нема да може освен доколку не се врати на својата стара килажа.
Затоа се посветила на вежбањето и правилната исхрана. Ги заменила слатките со шеќер и житариците со исхрана богата со протеини и зеленчук. Почнала да оди во теретана три пати неделно, наутро и навечер.
И упорноста се исплатела – по 12 недели ја свела килажата на 63 килограми. Сега повторно работи како фитнес инструкторка.
„Се чувствувам феноменално што повторно сум во форма и успев да ослабам толку брзо.Понекогаш беше тешко да станам во 4:30 за да вежбам и да се метоивирам да одам во теретана, но кога ќе се погледнам во огледало, гледам дека вредело. Сега како здрава жена ќе бидам добар пример за своите ќерки“, вели таа.Сара за време на вотората бременост многу се здебелила, бидејќи не можела да и одолее на желбата за храна. Но само три месеци по породувањето успеа
Пронајдете не на следниве мрежи:



