Министерот на транспорт и врски, Миле Јанакиевски одржа состанок со германската компанија „Флај Германија“, со цел да се овозможат редовни летови за граѓаните на Македонија на релација Скопје-Берлин и тоа два пати неделно, во понеделник и петок.
Воедно, на средбата се разговараше и за можноста за воведување на дополнителни дестинации до Хамбург, Штудгард и Франкфурт.
Компанијата „Флај Германија“, постои 26 години и располага со флота од 18 авиони.
„Во министерството за транспорт и врски сме цврсто убедени дека со воведувањето на новите авио линии, бројот на патници ќе биде дополнително зголемен, како и фрекфенцијата на летови над македонскиот воздушен простор“, велат од МТЦ.
Притоа, во Министерството за транспорт и врски и во понатамошниот период ќе продолжат со активна работа на привлекување на нови реномирани авио компании кои ќе ги нудат своите услуги во нашата држава.Министерот на транспорт и врски, Миле Јанакиевски одржа состанок со германската компанија „Флај Германија“