Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот со кое сме особено соочени во последниве неколку дена, како и во согласност со ингеренциите што ги имам како градоначалник на Град Скопје, ја информирам јавноста дека ги донесувам следниве мерки и препораки кои стапуваат во сила веднаш: Градот Скопје од 27 декември 2017 година воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од Скопскиот плански регион да помогнат во субвенционирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Шилегов додаде дека Градот Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност и ги повика сите градоначалници од општините во град Скопје да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.
Тој додаде дека Градот Скопје врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување стока преку Инспекторатот на Град Скопје, а воедно го повика и Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од Град Скопје.Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот со кое сме особено соочени во пос