Хартиените автобуски билети за 10 возења од денеска веќе не може да се купат во билетарниците. ЈСП- Скопје ги повлече од продажба неколку дена пред истекот на нивната важност. Граѓаните кои се уште имаат хартиени билети ќе мора да ги искористат најдоцна до 1 септември, кога стартува и електронската наплата во автобусите.Како што и претходно беше најавено, од 1 септември целосно се укинуваат хартиените билети. Сите граѓани кои се возат со јавниот превоз, задолжително ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси.
Покрај со СКОПСКА картичка, граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и со мобилен телефон. Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
Со единствениот тарифен систем за јавен превоз во Град Скопје, цените на услугите на ЈСП- Скопје и приватните превозници ќе се изедначат.
Автобусите ќе се движат по единствени линии- ЈСП и приватните превозници ќе имаат строго определени линии на движење, оптимизација на возниот ред и стриктно придржување кон истиот.
На овој начин, се очекува намалување на турканиците во автобусите и навремено пристигнување до посакуваната дестинација на граѓаните.
Со вкупно 590 возила, од кои ЈСП- Скопје со 385 и приватните превозници со 205, Градот Скопје ќе ги опслужува граѓаните со јавен транспорт.Како што и претходно беше најавено, од 1 септември целосно се укинуваат хартиените билети. Сите граѓани кои се возат со јавниот превоз, задолжителн