Од денеска, почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година.Правото на учество на овој јавен повик, критериумите, начинот на остварувањето на правото на надоместок, како и начинот на спроведување на повикот се утврдени со јавниот повик кој е објавен на веб-страницата на Град Скопје.
Јавниот повик трае 15 календарски дена од денот на објавувањето заклучно со 13.03.2017 година, понеделник, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’.
Град Скопје апелира до потенцијалните учесници на јавниот повик пред поднесувањето на документацијата внимателно да ги прочитаат начинот, условите и критериумите за учество, па потоа со целосно комплетирана документација, согласно со правилата да поднесат барање за надоместок на дел од трошоците.
Ова е втор јавен повик за надоместок на трошоци за набавка на печки на пелети, првиот беше објавен минатата година и беше субвенционирана набавката на печки на 196 граѓани, а Град Скопје за овој проект имаше обезбедено 5.896.000 денари.
Оваа година за надоместок на дел од трошоците за набавка на печка на пелети Град Скопје во буџетот обезбедени 10 милиони денари.
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 13.03.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок .
Јавниот повик, барањето и образецот за потполнување може да ги видите и превземете на следната интернет врска –https://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775
Правото на учество на овој јавен повик, критериумите, начинот на остварувањето на правото на надоместок, како и начинот на спроведување на по