Од денеска стапува на сила Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, со кој им се овозможува на сопствениците на оранжерии и други објекти за примарна обработка на земјоделско земјиште да го откупат земјиштето под оранжериите.Тие од денеска па во наредните 60 дена треба да ја собираат потребната документација за откуп на земјоделското земјиште.
Земјоделците имаат рок од 60 дена да подготват елаборати за да го пренаменат статусот на земјиштето во Агенцијата за катастар на недижности и да го достават до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За реалаизација на овој проект во Министерството за земјоделство е формирана Комисија.
– Врз основа на тоа Бирото за судско вештачење треба да издаде согласност за продажба на земјоделско земјиште, а со што сопствениците на оранжерии и други земјоделски објекти за производство ќе можат да аплицираат во јавниот повик за откуп на земјиштето кој ќе биде распишан по истекот од 60 дена. Тоа ќе значи и дека сопствениците потоа ќе можат да склучат договор со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за откуп на оваа земјиште. Тоа значи и дека овие сопствениците во иднина што е многу важно, ќе можат да ги користат сите поволности од Владата за развој на своите компании за усовршување и зголемување на производството, а преку разните програми: Програмата за развој на земјоделското производство и рурален развој, Национлната програма за развој и рурален развој преку ИПАРД фондовите и останатите, а со кои ќе добијат и средства за развој и усовршување на своето земјоделско производство, потенцираше вчера заменик министерот Ванчо Костадинов при посетата на Општина Чашка.Тие од денеска па во наредните 60 дена треба да ја собираат потребната документација за откуп на земјоделското земјиште.
Земјоделците имаат