Деновиве се одржа седницата на Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, на која беа донесени поголем број на одлуки и беа усвоени поголем број на извештаи.На седницата беше донесена одлука за одржување на мини преоден рок, кој започнува од денеска (22.01.2015 година, среда) и ќе трае до 30.01.2015 година (петок) до 12 часот.
На седницата беа утврдени и повеќе други рокови, каде се утврди дека вториот дел од регуларното првенство од кугларската лига ќе започне од 21.02.2015 година, додека како првичен датум за одржување на натпреварот во Купот на Македонија ќе се одржи на ден 18.01.2015 година.
На седницата Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија го усвои и Извештајот за есенскиот дел од МКЛ 2014/2015 година, а се дискутираше и за повторното одржување на училиштана лига во куглање. Како што информираше Претседателот на Извршниот Одбор на Кугларската федерација, Александар Бичиклиски, училишната лига е предвидено да започне во втората половина на февруари, на истата учество ќе земат 24 екипи од средните училишта од Скопје, а натреварите ќе се одиграат во двете куглани во Скопје.На седницата беше донесена одлука за одржување на мини преоден рок, кој започнува од денеска (22.01.2015 година, среда) и ќе трае до 30.01.2015 год