Вторник, 30 јуни. Доживувањата на Тарчуловски на патот кон Крушево ни ги доловува Стефан Насевски портпаролот на Јохан кој е во самата логистика на овогодинешниот ИЛИНДЕНСКИ МАРШ.Рано наутро откако се разбудивме и доручкувавме тргнавме од Теово кон Богомила. Стиганавме во Богомила ручавме и одморивме до 16 часот.
Од Богомила тргнавме околу 16 часот, надворешната темпратура сѐ уште беше многу висока. Сепак тргнеме со силна мисла кон нашата наредна дестинација Стровија и остварување на нашата цел на време да пристигнеме во Крушево. На пат кон Стровија денес патувавме многу напорно, патувавме преку планини, патот беше едвај прооден и многу стрмен, се среќававме со дрвја, камења, грмушки, а некаде моравме и да се симнеме од коњите и да одиме пеш, затоа што и коњите беа преморени. За прв пат нашиот марш се соочи и со дожд кој за нас беше како освежување, а воедно и за момент го почуствувавме и планинскиот свеж мирис. По напорното искачување низ планинскиот предел наидовме на една преубава гледка на Пелагониската котлина која за миг не натера да заборавиме на целиот замор и да се почуствувавме горди од нашата преубава Македонија.
Повеќе на следниот ЛИНКРано наутро откако се разбудивме и доручкувавме тргнавме од Теово кон Богомила. Стиганавме во Богомила ручавме и одмор