– Голем број луѓе имаа проблеми да влезат на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Тоа не е поради напад од трета страна, туку станува збор за надградба на нашите конфигурациски системи – објави компанијата.Хакерската група „Лизард сквод“ претходно презеде одговорност за уривањето на популарните социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, чии корисници низ светот изутринава не можеа да пристапат до своите профили во период од најмалку 40 минути.
Веб-сајтот „Раша тудеј“ наведува дека зад нападот на социјалните мрежи стојат хакерите од групата „Лизард сквод“, кои се поврзани со терористичката група Исламска држава. Хакерите од оваа група вчера извршија кибернетски напад и врз веб-сајтот на малезиската авиокомпанја „Малезија ерлајнс“.
Хакерската група „Лизард сквод“ објави на „Твитер“ нејасна порака: Фејсбук, Инстаграм, Тиндер, ЕјАјЕм, Хипчат #офлајн #Лизард сквод. ЛИНК
Корисниците на „Фејсбук“ на веб-сајтот можеа да прочитаат: „Извинете, нешто не е во ред. Работиме на тоа и ќе го отстраниме проблемот, што е можно побрзо“, додека „Инстаграм“ на „Твитер“ објави дека се запознаени со проблемот и дека работат на неговото решавање.
„Фејсбук“ има околу 1,25 милијарда, додека „Инстаграм“ околу 300 милиони корисници во светот.Хакерската група „Лизард сквод“ претходно презеде одговорност за уривањето на популарните социјални мрежи „Фејсбук“ и &bdqu