Од први февруари сегашните електронски билетите од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена но ќе имаат две возења. Од здружението слобода превоз ги советуваат граѓаните кои немаат купено ваков билет да го направат тоа, затоа што од идниот месец ќе добијат три возења помалку. Од здружението велат ваквиот систем е современ и модерен , но важно е како ќе биде менаџиран. Иако е рано да се процени како функционира, сметаат деке има мали пропусти во делот на наплатата и дека дел од граѓаните не се доволно информирани околу користењето. За патниците проблем е тоа што повеќе не се продава билет за едно возење.
Тонско- Има забалешки од граќаните и сите тие треба да се земат во предвид како препораки за подобрување на системот. Како најголем проблем ги посочија картичките од 150 денари кои се побарувани и поради тоа во некој билетари и автобуси ги нема. Исто така граѓаните треба да знаат дека кога ќе ја купат картичката и кога ќе ја потрошат да не ја фрлаат зошто таа се надополнува, рече Ленил Јовановски- директор на здружението Слобода Превоз.
И од ЈСПпотврдија дека има голема побарувачка за електринските картички. ПО три пати во денот се ври достава и се користат сите капацитети за да се одговори на потребите.
-Количините кои беа на залиха и предвидени за месец јануари беа потрошени за пет дена. ЈСП со целиот свој капацитет работи да ја сиполни побарувачката и да одржи континуитет на наплата. Доставата се врши во три смени. Досега вкупно се издадени околу 155000 персонализирано и над 180000 неперсонализирани картичќки, се вели во дописот на ЈСП Скопје.
Само кога првиот пат се купува картичката се плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи граѓаните ја надоплнуваат со колку сакаа возења и тоа само во билетарниците. Може да се плаќа и со мобилен телефон.
Така цената за едно возење чини 40 денари, а на вечерниот билет 50 денари. За повозрасните овој начин на плаќање е сложен.
Новиот систем за наплата во автобусите се воведе на почетокот на годинава.Од здружението слобода превоз ги советуваат граѓаните кои немаат купено ваков билет да го направат тоа, затоа што од идниот месец ќе добијат три во