За претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифиовски, нема криза, иако компанијата и нејзините подружници, кои ги води со години бележеа големи загуби. Тој и понатаму благодарение на акциите кои ги поседува во Макпетрол и заработката и имотот постојано е меѓу најбогатите топ пет бизнисмени според Форбс, пренесува Инфомакс.Колку заработува Јосифовски?Минатата година според Годишниот извештај на Макпетрол, објавен на Македонската берза, Јосифовски имал годишна плата и надоместоци од 9.335.162 денари и плус по основа на други надоместоци зел уште 52.904 денари.
Зема годишна плата и од Оилко исто така.
Според официјални податоци од компанијата минатата година од Оилко како Комплементар примил надомест од 1.320.000 денари, како и дивиденда од Оилко, која искалкулирана според процентуалното учество на неговите акции кои ги поседува (14.98%), изнесува 2.255.296 денари. Оилко дели дивиденда, Макпетрол покрива загуби Командитното друштво „Оилко“, најголемиот акционер во Макпетрол, пред извесно време исплати дивиденда во бруто износ од 15.055.380 денари, односно 60 денари бруто за една акција.
Компанијата лани имала добивка по оданочување во износ од 63.057.496 денари, што е зголемување за 166% во однос на остварената во 2014 година. „Оилко“ лани исплати дивиденда за 2014 година во бруто износ од 145 денари по една акција или вкупно е исплатена дивиденда во износ од 36.383.835 денари. Од друга страна, акционерите на „Макпетрол“ и оваа година нема да добијат дивиденда иако по неколку години работење со загуба македонскиот нафтен гигант во деловната 2015 година искажа добивка по оданочување во висина од 13,1 милиони денари.
И покрај тоа што имаше позитивни резултати во минатата година „Макпетрол“ неодамна донесе одлука тековната добивка за 2015 година во вкупен износ од 13,1 милиони денари да се распореди за покривање на дел од пренесена загуба, што за акционерите претставува своевидна реприза од изминатиов период со оглед на тоа што компанијата во периодот во периодот 2012-2014 година работеше со загуба. Очигледно е дека во изминатиов период подобро му оди на „Оилко“ отколку на „Макпетрол“, што е интересно ако се знае дека компаниите и поединци учествуваат во меѓусебната акционерска структура и често меѓу себе склучуваат „милионски“ договори за соработка. „Оилко“ поседува 22,27 отсто од акциите на „Макпетрол“, и со тоа е најголем сопственик, а сите други поединечни акционери имаат по помалку од пет отсто. Во „Оилко“ има двајца акционери со над пет отсто: Андреја Јосифовски, кој поседува 14,98 отсто од акциите и кој истовремено е генерален директор на „Макпетрол“ и „Макпетрол“ кој располага со 35,61 отсто од акциите на „Оилко“. Јосифовски купил акции во „Макпетрол“ месец дена пред објавата на намерата за преземање Андреја Јосифовски во периодот април-мај, односно околу месец дена пред објавата на намерата за преземање на компанијата од страна на британската „Балкан петролеум холдинг лимитед“ се стекнал со 365 акции од Макпетрол.Колку заработува Јосифовски?Минатата година според Годишниот извештај на Макпетрол, објавен на Македонската берза, Јосифовски имал годишна пл