ОД КАДЕ МУ СЕ ПАРИТЕ на монструмот: Убиецот на Тијана плаќа адвокат 150.000 евра?!

Виктор Гостиљац, адвокатот кој го застапува Драган Ѓуриќ, осомниченот за свирепото убиство на Тијана Јуриќ (15) во Бајмок, на одбрана на својот клиент, според официјалната адвокатска тарифа, би можел да заработи 12.000 евра.Меѓутоа како што дознава српски Курир од адвокати кои се занимаваат со кривично право, сумата за одбрана на најголемиот злочин може да достигне и неверојатни 50.000, но и 150.000 евра. Дали парите го поттикнаа познатиот адвокат да го брани Ѓуриќ, Гостиљац не сака да открие.
– Мотивот може да биде дознавање на вистината, професионалниот престиж и парите – наведува Гостиљац, но не сака да открие што од сето тоа е негова сатисфакција.
Адвокатот Небојша Милосавјевиќ верува дека мотивот на Виктор Гостиљац да го брани Драган Ѓуриќ не се парите туку рекламата.
– Вероатно го понесе случајот. Го сметам за угледен адвокат, кој застана да брани човек пред кој се крена на нозе цела земја. Тоа е професионален предизвик, бидејќи таков предмет се појавува еднаш во 100 години. Кај најтешките кривични дела пресудата може да биде или максимална или ослободувачка, а се останато има врска со корупција или некое атипично однесување – вели Милосавјевиќ и додава дека висината на одбраната зависи од случајот.

 
– Има адвокати кои многу високо ги наплаќаат услугите. Се зборува дека земаат по 50.000 но и  по 150.000 евра. Ако се знае дека поединец има огромни богатства, а се знае дека тоа го создал од адвокатурата, јасно ви е колкави се хонорарите.
(Не)официјална тарифа
Неговиот колега Александар Милосављевиќ истакна дека добар адвокат и тоа како може да влијаена исходот на пресудата и намалување на казната. Во зависност од тоа, и надоместоците може да се качува со десетици илјади евра.
–  Според официјалната тарифа, одбраната на најтешките криминалци чини 61.500 динари по рочиште, која може да се зголеми за 50 проценти. Постојат и онакви кои се фалат дека за одбрана на осомничени за најтешки кривични дела земат и по 50.000 евра. Мотивите на адвокатот да го брани осомничениот можат да бидат различни, почнувајќи со верувањето да види простор дека со својата  работа може да  го доведе до ослободување осомничениот, па до тоа да се промени класификацијата на кривичното дело и драстично да му се намали казната во однос на онаа што јавноста ја очекува. Тоа на адвокатот му го подигнува угледот во професијата  – вели тој.Меѓутоа како што дознава српски Курир од адвокати кои се занимаваат со кривично право, сумата за одбрана на најголемиот злочин може да достигне и н

Пронајдете не на следниве мрежи: