Од Кримската војна до Источната криза

Источното прашање во периодот на Кримската војна добива нови димензии. Тоа е конкретен обид за разделба на османските подрачја, за реализирање на политиката на турското наследство.Источното прашање во периодот на Кримската војна добива нови димензии. Тоа е конкретен обид за разделба на османските подрачја, за реализирање на политиката на турското наследство. Тоа е време на силен ангажман на европските држави за решавање на ова прашање, за што и избувна Кримската војна. Парискиот мир 1856 година и донесувањето на Хатихумајунот од 1856 година, значи нов бран на директно влијание на европските капиталистички држави во работите на Турција. Сè повеќе Турција станува прицелна точка во политиката на капиталистичките држави. Таа се поставувала во полуколонијал назависност, особено спрема западно-европските капиталистички држави. Карл Маркс и Фридрих Енгелс пишувале дека Турција станала болно место на легитимистичка Европа и дека биле напразни обидите на државите што се обидувале да го задржат нејзиното распаѓање. Маркс и Енгелс ја подвлекувале констатацијата дека „присуството на Турците во Европа претставува само од себе сериозна препрека за развитокот на природните богатства на Тракиско-илирскиот Полуостров.“
Европските држави започнале со своите капитали да продираат во Турција со што се создал нов момент во односите кон источното прашање. Тој економски момент се преплетувал и со зголемено политичко влијание, кое сè повеќе започнувало да се шири во подрачјата на Империјата. Тоа предизвикало длабоки општествено-економски промени, кое се одразило и врз разраснувањето на национално-ослободителните движења, до нова постановка и на македонското прашање. Македонија станува прицелна точка во интересот на европските капиталистички држави. Во време на Кримската војна, а особено непосредно по неа, низа европски дружави започнале со отворање на конзулати, вицеконзулати и други претставништва и агенции, кои одиграле голема улога во запознавањето на ситуацијата во Македонија, на нејзините економски и други капацитети и на политичката состојба на овој терен. Со тоа заинтересираноста на овие држави кон Македонија доби нови димензии со што се создавале и основи во искристализирање на становиштата и основните појдовни точки на македонското прашање. Тука е пред сè интересот на Франција, на планот на Наполеон III за Балканот, на италијанските планови за Балканот, на новото раздвижување на Русија кон Балканот и засилување на идејата за панславизмот. Зголемен интерес и влијание пројавувала и Велика Британија за зајакнување на своето присуство. Во ист смер се движела и австриската политика и нејзините агресивни планови кон Солун. Во ваков раздвижен радиус започнала да се движи и политиката на балканските држави и тоа предимно на ослободените балкански капиталистички држави – Грција и Србија, како и со несмаленото дејствување на бугарската буржоазија, која го подготвувала својот агресивен план кон Македонија. Кон шеесеттите и седумдесеттите години на XIX век треба да го бараме периодот во засилено раздвижување на интересот кон Македонија и македонското прашање, кое значи негово актуелизирање во меѓународните односи.
Во следната етапа, во периодот на Источната криза, Сан Стефано и Берлинскиот конгрес, како и во периодот по конгресот па сè до основањето на македонското национално-ослободително движење, и поспецијално во предилинденскиот, илинденскиот и поилинденскиот период, ова прашање добива своја вистинска димензија на раздвиженост, кое се одразило во ангажираниот однос на европските капиталистички империјалистички држави за негово разрешување или поставување на пиедесталот на дипломатијата.Источното прашање во периодот на Кримската војна добива нови димензии. Тоа е конкретен обид за разделба на османските подрачја, за реализирање на п

Пронајдете не на следниве мрежи: