Потекнува од спортско семејство, се радува од срце на сите спортски победи на Македонија, слави за нашите успеси и секогаш се гордее на македонските спортски херои. Но, моментот кога ракометарите на Вардар застанаа на врвот, таа одлучи да не слави од далечина. Се спакува веднаш и од Малме, Шведска, тргна за Скопје за од тука да го прослави овој историски успех.
Антоанета Димова е Македонка која 7 години живее и работи во Шведска. Натпреварот Вардар-ПСЖ го гледаше од дома, но на ракометарите и управата на Вардар ќе им аплаудира од Скопје.
Во изјава за КУРИР, таа ни раскажува за својата одлука, за начинот на кој дијаспората дава поддршка за спортските победи, за нејзината почит кон брендот Вардар и за своите омилени ракометари од клубот
Веднаш стана јасно од каде толкава љубов кон спортот.
-Потекнувам од спортско семејство, се занимавав со гимнастика, карате, таи чи, џуџицу, кунг фу, нинџицу, акробатика, качување, слеклајн и танцување. Сега сум сконцентрирана на јога, качување, пилатес и танцување, вели таа.
Добредојдовте во Македонија! Македонците од сите градови денес им покажуваат почит на нашите херои, но вие дојдовте од далечното Малме. Што ве натера да изминете толкав пат за да бидете денес дел од прославата?
-Што ме натера? Не стануваме секој ден шампиони! Дојдов да им се поклонам на момците од Вардар, изгинаа на терен, дадоа се што имаа, дојдов да им се поклонам на силата, на единството, на таа прекрасна игра, на непопустливоста, со нивната сила не издигнаа нас како народ, истакнува Димова.
Како ја донесовте одлуката дека треба да тргнете за Скопје по овој повод, дали допатувавте сама или пристигна поголема поддршка?
-Моето доаѓање во Скопје може да биде протолкувано како потполно импулсивно, од сите оние кои не се спортисти. Станав букирав карта, се качив во авион и дојдов сама. Секој кој барем малку се занимавал со спорт ќе ме разбере дека она што го видов на терен оние два дена ме инспирираше да дојдам и да им оддадам признание на ракометарите на Вардар, ова што тие го постигнаа е сон на секој спортист, открива оваа голема љубителка на македонскиот ракомет.
Колку дијаспората ги следи македонските клубови и нивните успеси? Како ги прославувате победите со оглед на далечината?
-Секој настап на Македонската репрезентација, во секој спорт се следи страстно, сите навиваме, ама ова финале посебно беше убаво затоа што тимот на Вардар беше составен од играчи од други земји, јас натпреварот го следев со една Хрватица која му била прва сосетка на Лука, не се знаеше која беше погласна, сите во Малме не дознаа дека сме шампиони. А во Еслов и во Трелеборг се славеше на големо, таму имаме наши пријатели ракометари, истакна Антоанета во изјава за Курир.
Колку ви значи самиот бренд Вардар, во случајов клубот кој е на врвот од Европа?
-Вардар го следам и во ракомет и во фудбал, потекнувам од мајка гимнастичарка и татко фудбалер, на трибините по фудбалски натпревари сум од пелени, семејно сме спортски забегано семејство, вели таа.
Што би им порачале директно на ракометарите на Вардар?
-Би им рекла: „Момци, изгинавте ама победивте, сега сте наши јунаци, херои, и ви се поклонувам со сите почести“!
Антоанета ги издвојува Стојанче Стоилов, Лука Циндриќ и Арпад Штербик за херои на кои буквално им „симнува капа“. Силен аплауз и овации денес ќе им подари на ракометарите од целиот клуб.
Антоанета Димова е Македонка која 7 години живее и работи во Шведска. Натпреварот Вардар-ПСЖ го гледаше од дома, но на ракометарите и управата на В