Според некои текстови за народната медицина, сексуалноста се третира со магии за плодност, а не за потенција, како што правиме разлика во денешно време.Значи проблемот со потенцијата, традиционално, се лекувал со магија, а не со храна и пијалок како што отсекогаш сме слушале.
Потенцијата, како услов за женидба и стекнување статус на маж, е особено изразена во еротската народна приказна „Тројцата браќа и златните јаболка“.
„Дошло време да се женат тројца браќа. Арно ама се разгласило дека тие биле без пениси. И никоја жена не сакала да ги земе. И рекол најстариот брат: Јас ќе одам и ќе го барам чарето да се женам.“
По советот на една бабичка, која ја среќава на патот, тој јаде јаболко од златна јаболкница, по што „му никнало мевце“.И после некое време тој се оженил.
Иако главната поента на приказната е во постигнувањето комично диктатички ефект- кога неговите браќа се полакомиле и изеле не една туку две, односно три јаболка, па им изникнале по три пениси, нејзината порака во однос на поврзаноста на потенцијатасо женењето е многу јасна- Додека не ти проникне мевце (односно додека не станеш сексуално способен), не можеш да се жениш, односно да стекнеш статус на оженет маж. Значи проблемот со потенцијата, традиционално, се лекувал со магија, а не со храна и пијалок како што отсекогаш сме слушале.
Потенцијата, к