Од месечината може да се видат очајот и паниката во СДСМ

Од месечината може да се видат очајот и паниката во СДСМ во пресрет на изборите. Експертите на СДСМ од сектор одбрана се префрлаат на сектор земјоделие.Откако вчера не му пројде лагата за состојбите во армијата,  претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Максим Димитриевски ја доби улогата на човек кој сега ќе ги манипулира земјоделците, категорија на граѓани кои СДСМ дозна дека постојат благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
 
          Ниту Димитриевски има поим од земјоделие, ниту СДСМ знае што значи грижата за земјоделците.
          СДСМ дозна дека во Македонија постојат земјоделци токму поради мерките кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ. Во време на СДСМ земјоделците не постоеја за власта, а кредитите кои беа земани и со кои се задолжи државата не завршуваа кај земјоделците, туку во бизнисите на СДСМ.
          Ниту во СДСМ нема некој кој верува во лагите и манипулациите од Бихаќка за земјоделците. Граѓаните знаат кој никогаш не се грижел за нив, а кој постојано се обидува да им го подобри статусот.
          Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е првата Влада во Република Македонија која се грижи за земјоделците. За тоа сведочат повеќе од 800-те милиони евра исплатени субвенции.
          Десетици милиони евра е учество на државата во повеќе од 10.000 парчиња современа земјоделска механизација за земјоделците каде процентот кој го покрива државата е речиси 60%.
          ВМРО-ДПМНЕ подели 60 000 хектари земјоделско земјиште во транспарентен процес на повеќе од 9 000 луѓе. Беше усвоена програмата за подршка на млади земјоделци со 10.000 евра неповратни средства за набавка на земјоделска механизација.
          Земјоделците знаат дека во време на СДСМ субвенции во земјоделието имаше точно онолку колку што проекти остави СДСМ зад себе: нула.
          Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори, има мизерен рејтинг и уплав од соочувањето со народот. Затоа се обидува СДСМ со лаги и манипулации да ја покрие безидејноста и немањето проекти. Нема да им помине. Граѓаните добро знаат да проценат кој се користи само со лаги и манипулации, а кој работи во нивен интерес.Откако вчера не му пројде лагата за состојбите во армијата,  претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Максим Димитриевски ја доби улогат

Пронајдете не на следниве мрежи: