ОД НАРОДНАТА МЕДИЦИНА: Излечете го херпесот на усната „во најбрз можен рок“!

Веројатно секој  од нас барем еднаш бил соочен со оваа непријатна појава. Чешање, пецкање, појава на меурчиња и на крајот закоравена рана која пука. Во главата веднаш си поставуваме прашање: како да се ослободиме од херпесот?Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси, така што брзото лечење можеме да го постигнеме со употребата на креми од аптека или со помош на народни средства.
Ова се неколку брзи лечења на херпесот, според народната медицина:
1 .Херпесот може да се излечи со помош на едноставно средство кое го имаме скоро во секое домаќинство, а тоа е сода бикарбона.

Се препорачува да се зоврие 100 мл вода и да се додаде во неа една кафена лажичка сода, да се промеша и да се тргне од ринглата. Во овој раствор да се топи памук и неколку пати дневно да се става на местото.
2 .Брзо лечење на херпесот може да се постигне и со готварска сол, со аплицирање на мала количина на сол на зафатеното место. Да се повторува неколку пати во текот на денот.

3. Уште еден начин во борбата со херпесот е лушпата од јајце

Тенката обвивка-кожичката која се наоѓа на внатрешната страна од лушпата на јајцето е одлично противвоспалително средство. Треба да се одвои од лушпата и да се стави на болното место. Резултатот ќе ве израдува.

 
4. Сите знаеме за чудесните својства на лукот, кој се користи кај различни болести, така што ни херпесот не е исклучок.

Лукот е природно антивирусно средство. Две чешниња лук истолчени, треба да се измешаат со една лажичка павлака, една лажичка брачно и една лажичка мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпеси.
5. Етерично масло од ела или од чајно дрво.

 
Се препорачува да се нанесува на заболеното место на секои 2 часа. Можно е благо пецкање. Но по само 2 дена ќе заборавите на вашиот проблем.
6. Прополис одлично ја суши и ја дезинфицира раната.

Треба обилно да се мачка местото и тоа неколку пати дневно, а потоа да се намачка заболеното место со крема од камилица или невен за да не се формира кора.Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси, така што брзото лечење можеме да го постигнеме со употребата на креми од аптека или со помош на

Пронајдете не на следниве мрежи: