Од Нова Градишка до Крушево:Се отвори маратонот во чест на Тоше Проески!

Loading...

Утрово во 06:05 часот од стадионот НК Слога, се отвори почесниот маратон во спомен на Тоше Проески. 

Утрово во 06:05 часот од стадионот НК Слога, се отвори почесниот маратон во спомен на Тоше Проески. Шест години по ред се трча од Нова Градишка до Крушево, каде ќе пристигнат на 16 октомври.
Утринскиот дожд не им го наруши одличното расположение кое владееше од самиот старт на маратонот, а маратонците оваа година ги испрати заменик на градоначалникот на Нова Градешка, Дарио Бан. Една акција маратон во чест на Тоше Проески оваа година, ја истрача и водителот Далибор Петко, на кој ова му е втора година на учество во маратонот.

„Беше неверојатно искуство, таква некоја позитивна енергија владее помеѓу маратонците. Чест ми е што на кратко бев дел од нивната екипа. Тие се прави херои, бидејќи трчаат и повеќе од илјади километри. На овој начин сакав да му направам чест на човекот, кој во моите сеќабвања има посебно место, непрежалениот Тоше Проески“, изјави после акцијата во трчање, Петко.
Пред Електротехничкото школо во Нова Градишка е поставена плоча во спомен на Тоше, а утрово баш таму се и многубројните фанови и директорката на Хит Рекордс Кристина Крајна, положија венци и запалија свеќи во сеќавање на Тоше Проески.
 

loading...
Loading...