Од овие пијалaци се слабее!

Она што го внесуваме во телото значајно влијае на нашето расположение, изглед и здравје.Но не станува збор само за храната туку и за течностите.Ако сакате да ја сочувате виталноста и младешкиот изглед а да се решите од прекумерните килограми побарајте сојузник во некој од шесте напитоци кои постојано се во вашиот дом:
Вода
Водата е наједноставен, најефтин најприроден пијалок кој телото го обожава.Доволната хидратација на организмот околу ( 5 чаши вода дневно) ја враќа енергијата и ја прави кожата еластична и блистава.Чаша вода пред оброк го намалува апетитот.
Кафе
Освен што пиењето на кафе е традиција без која не можеме овој напиток е одличен антиоксиданс кој ги намалува калориите.Еден до два филџани дневно го чистат организмот од токсини, го смалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес, болести на срцето и ја враќа свежината на кожата.
Зелен чај
Како и кафето така и чајот го чисти организмот.Оваа древна билка делува како антиоксиданс, ја враќа енергијата и го смалува апетитот па помага во слабеење забрзувајќи ја оксидацијата на мастите.

Какао
Суровото какао во прав или суровите зрна е една од најмоќната храна на светот.Какаото има повеќе антиоксиданси од кафето, зелениот чај и црвеното вино кои се од голема важност за севкупниот раст и развој на нови мускулни влакна.
Црвено вино
Чаша црвено вино е вредна злато.Тоа ги штити вените, го намалува холестеролот и нивото на стрес.Состојката пицеатанол го успорува растот на масните станици, што значи дека црвено вино е ваш сојузник за време на диета.Кога е таа состојка во крвта масните станици стагнираат во созревањето.
Млеко
Млекото ги ублажува симптомите на ПМС, помага во спречување на мигрена и дебелеење кај децата , а кај возрасните помага во губење на тежината особено во струкот.Млечните производи богати со калциум помагаат на брзо потрошување на мастите после оброкот.
С.А.Но не станува збор само за храната туку и за течностите.Ако сакате да ја сочувате виталноста и младешкиот изглед а да

Пронајдете не на следниве мрежи: