Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер.Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.
Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава.
И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо.
Утринските температури во вторник и петок идната недела некаде ќе паднат и под нулата, а максималните ќе се движат од 17 до 20 степени. Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на