Ќе завршат брканиците за патник повеќе меѓу градските автобуси, а патниците пак, нема да бираат дали е државен или приватен автобусот. Од 1 јануари и приватните превозници се приклучуваат кон електронскиот систем за наплата на ЈСП. Граѓаните за иста цена ќе се возат во било кој автобус со електронските картички „Скопска“.-Од први јануари со електронските картички Скопска, без разлика дали се персонализирани или непероснализирани, сите патници ќе можат да ги користат услугите на ЈСП и услугите на приватните превозници. Значи нема да имаме повеќе продажба на хартиени билети во автобусите, било тоа да се на ЈСП или на приватните превозници „Слобода превоз“ или „Мак-експрес“, туку ќе се ги користат електронските картички или доколку не ги поседуваат ќе можат да вршат плаќање преку мобилен телефон, истакна директорот на ЈСП- Скопје Игор Јанушев.
Со новиот систем за наплата ќе се утврди распоредат на линиите на сообраќање во зависност од потребите на граѓаните, со што ќе се подобри квалитетот на превозот, но и безбедноста во сообраќајот.
Преку ГПС ќе се следи секое движење, времето на поаѓање и пристигнување до крајната дестинација. Картичките се издаваат во еден од 8-те центри низ градот каде веднаш ќе ве сликаат и за неколку минути го добивате електронскиот билет кој чини 200 денари. Неперсонализираните електронски картички ќе може да се купат во една од 25 билетари на ЈСП и над 60 мастер дилери.
Патниците ќе можат да платат и преку мобилен телефон, со повикување на бројот 185.
ЈСП- Скопје овозможи и гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичката, туку само ја надополнува со парични средства. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно уште колку возења може да се остварат со што патникот ќе има евиденција на картичката.
Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички.
Картичките задолжително треба да се валидираат на апаратите во автобусот, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за пензионери.
Надлежните очекуваат со новиот електронски систем да се подобри квалитетот на превозот, ќе се намалат клучните проблеми со наплатата-турканиците, а и ќе се контролира движењето на автобусите.-Од први јануари со електронските картички Скопска, без разлика дали се персонализирани или непероснализирани, сите патници ќе можат да ги користат