ОД ПРВИТЕ БОРБЕНИ ЛИНИИ: Пресметка помеѓу проруските сили и Украинците во Дебаљцев

Sky News објави застрашувачки снимки од првите борбени линии на фронтот, на кои е прикажана пресметка помеѓу проруските сили и украинската војска која се повлекува од Дебаљцев.  Според информациите од странските медиуми, на снимките се гледаат борците на Новорусија кои возвраќаат на пукањето на украинските единици.
Повеќе од 90 отсто од украинските сили се повлекоа од стратешкиот град Дебаљцев и околината, соопшти протпаролот на украинската војска, не прецизирајќи кога повлекувањето точно би се завршило.
„Повлекувањето од Дебаљцев на новите позиции треба да биде завршено. Повеќе од 90 отсто од војниците организирано го напуштија градот и предградијата“, изјави портпаролот на украинската војска Анатолиј Стелмах. Тој рече дека интензитетот на конфликтот значително се намалил, но дека во текот на вчерашниот ден се слушале повеќе пукања. Пренесе Итар-ТАСС.
Нешто претходно, лидерот на Доњецка Народна Република, Александар Захарченко, изјави дека борците го завршиле „чистењето“ на Дебаљцев од украинските сили за безбедност.
Најмалку 90 украински војници се заробени, а 82 се водат како исчезнати по повлекувањето од Дебаљцев.
Според информациите од странските медиуми, на снимките се гледаат борците на Новорусија кои возвраќаат на пукањето на украинските единици.

Пронајдете не на следниве мрежи: