Во октомври минатата година се шпекулираше дека Фејсбук ќе воведе плаќање преку пораки. Компанијата вчера конечно ја потврди информацијата, претставувајќи ја новата одлика на Facebook Messenger, која им овозможува на корисниците да примаат и праќаат пари без надокнада.Корисниците треба да кликнат на ознаката „$“ која веќе се појавува во апликацијата и потоа да го внесат износот кој што сакаат да му го пренесат на другиот корисник. Од компанијата велат дека парите веднаш се праќаат, иако може да поминат неколку денови додека износот не се појави во вашата банка.
Компанијата наведе дека доста време е потрошено за да се овозможи безбедна трансакција низ овој систем.
„Користиме безбедни системи кои ја шифрираат врската меѓу вас и Фејсбук, како и информациите за картичката кога ја чуваме за вас“, наведуваат од компанијата.
Од компанијата беше соопштено и дека за безбедноста на овие трансфери ќе се грижи нов тим.
„Системот за плаќање е во сигурно окружување кое е одделено од останатите делови на Фејсбук мрежата и ќе добие посебна контрола и надзор. Тимот за борба против измами ќе ги надгледува сите сомнителни активности за да ги осигура профилите“, додаваат од Фејсбук.
Погледнете го видеото:Корисниците треба да кликнат на ознаката „$“ која веќе се појавува во апликацијата и потоа да го внесат износот кој што сакаат да му го