Од септември нов ценовник во јавниот превоз

Покрај со СКОПСКА картичка, граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и со мобилен телефон.Од 1 септември, кога целосно ќе се укинат хартиените билети, граѓани кои се возат со јавниот превоз, ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. Но, тоа не е единствениот начин- граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и преку мобилен телефон.
Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време. Но, покрај време ќе заштедат и пари, бидејќи со воведувањето на овој начин на наплата се намалуваат и цените на билетите- на приградските, месечните, годишните…
Со преминување на системот за наплата со електронските картички или мобилен телефон, од 1 септември 2016 година, целосно се укинуваат хартиените билети.
-Нашата цел е што повеќе да ги приближиме граѓаните кон јавниот транспорт, преку подобрување на квалитетот на услугата. За секој потег кој се повлекува, секогаш се консултираме со граѓаните и во најголемиот дел од нивните барања, излегуваме пресрет, информираат од ЈСП-Скопје за КУРИР.
Со вкупно 590 возила, од кои ЈСП- Скопје со 385 и приватните превозници со 205, Градот Скопје ќе ги опслужува граѓаните со јавен транспорт.
Погледнете го ценовникот на билети со важност од 1 септември оваа година

Од 1 септември, кога целосно ќе се укинат хартиените билети, граѓани кои се возат со јавниот превоз, ќе мора да користат персонализирана или непрес

Пронајдете не на следниве мрежи: