Во Струмица изминатите 24 часа наврнале 71 литар на метар квадратен воден талог, соопшти УХМР.Врнежите достигнале осум литри во Крива Паланка, 14 во Штип, 16 во Битола, 17 во Дебар, 18 во Скопје, Берово и Охрид, 19 во Прилеп, 20 во Виница, 21 во Гевгелија, 22 во Тополчани, 23 во Демир Капија, 24 во Маврово, 25 во Претор и Крушево, 26 во Тетово, 28 во Куманово и Лазарополе, 32 во Пожаране, 35 во Дојран и 36 литри во Ѓуриште.
Утрово најстудено е во Крушево, Маврово и Лазарополе, со измерени минимални шест степени, додека највисока е температурата во Дојран, 13 степени. Седум степени е во Ѓуриште и Тополчани, осум во Пожаране, девет во Претор и Охрид, 10 во Берово, Крива Паланка, Прилеп, Тетово и Куманово, 11 во Штип, Битола, Скопје Петровец, Виница и Скопје, 12 во Демир Капија, Гевгелија и Струмица.
Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, изразен во северните делови.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за слаб дожд и со умерен до засилен сетер од северен правец.
Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.Врнежите достигнале осум литри во Крива Паланка, 14 во Штип, 16 во Битола, 17 во Дебар, 18 во Скопје, Берово и Охрид, 19 во Прилеп, 20 во Вини