Од што стравуваат жените при сексот?

Loading...

 

Мажите и жените, како и доста други работи во животот, ги сфаќаат и доживуваат поинаку. За жените сексот пред се е поврзаност, чувства, романтика и страст, а после тоа доаѓа механичката работа. Додека кај мажите тоа е многу поедноставно. 
Една од работите од кои жените се плашат при сексот е несаканата бременост. Мажите, нормално, преферираат секс без кондом во долга и сериозна врска, но доколку жената не е подготвена за деца, сексот без кондом нема да и биде блескаво искуство. Посебно ако е од оние кои на контрацептивните пилули не им се драги.
Во слична категорија е и сексот за време на менструацијата. Во вакво традиционално општество, менструацијата е и понатаму некој вид на срам, па така сексот за време на нејзиното времетраење се претвара во чисто мачење.
Секако листата не би била целосна доколку не се спомене аналниот секс. Под влијание на пронографијата, мажите сметаат дека тоа е нормално, додека жените не се баш воодушевени. Демек го чуваат за посебни моменти или како награда која никогаш нема да ја добијат.
Исто така, поголемиот дел од жените се грози од груб секс. Тука повторно порно филмовите ја одиграле својата просветителска улога, и оставиле врежано мислење дека грубиот секс е подобар, што всушност и не е така.
Извор: lady.mk
 

Мажите и жените, како и доста други работи во

loading...