Од што зависи количината на кафе што ја консумирате?

Колку кафе пиете секој ден? Истражувачите од Националниот институт за рак и неколку универзитети од САД откриле два човечки гена чии варијации ја утврдуваат индивидуалната потрошувачка на кофеин. Студијата е објавена во списанието “PLoS Genetics”.
Се работи за гените CYP1A2 и AHR, кои се одговорна за регулирање на процесите на метаболизмот. Субјектите со генотип на “висока потрошувачка” за секој ген консумираат околу 40 милиграми повеќе кофеин секој ден од субјекти со генетскиот профил “ниска консумација”. Ова е еквивалентно на една третина чаша кафе или една конзерва Кока Кола.
Кофеинот влијае на многу медицински и физиолошки процеси: на спиењето, расположението, нивото на енергија и менталните и физички перформанси. Идентификацијата на гените кои влијаат на дневна потрошувачка на кафе може да ни овозможи да ја разбереме брзината на метаболизмот од кофеинот, односно колку долго кофеинот циркулира во крвта или со каков интензитет се ефектите од неговата потрошувачката кај секоја личност.Колку кафе пиете секој ден? Истражувачите од Националниот институт за рак и неколку универзитети од САД откриле два чо

Пронајдете не на следниве мрежи: