Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопшти дека почнувајќи од утре влегува во сила одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа.- Согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените, наведуваат во соопштението од МИОА.
Во контекст на општите права на вработените во државната управа, како што се посочува, се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби. – Согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право