Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое што е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.
Градот Скопје ќе продолжи:
1.Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
2.Ќе продолжиме со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.
3.Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во