Од утре сонце, погледнете ја временската прогноза за наредните денови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува претежно југоисточен ветер, а во североисточните делови ветерот ќе биде од североисточен правец.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до седум степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намалува, а потоа ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури најпрво ќе опаѓаат, најстудено ќе биде наутро во вторник и во среда, а потоа ќе бидат во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува северен ветер кој во среда долж Повардарието повремено ќе засилува.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачн

Пронајдете не на следниве мрежи: