Почнувајќи од 1 јануари 2016 година студентите ќе можат бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП- Скопје. Овој проект, кој неодамна го најави премиерот Никола Груевски, веќе од утре станува реалност.-Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП Скопје и другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, со цел да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. Владата со цел да се имплементира оваа мерка ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа, рече Груевски, кога неодамна го најави мега проектот за младите.
Од утре, покрај бесплатниот превоз за студентите, почнува да важи и проектот наречен „Средношколска Среда“.
Секоја среда на сите средношколци, ќе им се овозможи бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата.
-Верувам дека ќе придонесат за интересот на овие категории и ќе обезбедат дополнителна вредност во тие полиња. Овие два проекта се дел од една поширока палета од 100 мерки и проекти кои се наменети за младите и за образованието како составен дел од младинскиот живот, и кои во идниот период ќе бидат објавувани од страна на нашата политичка гарнитура, проекти и мерки на кои сериозно работевме подолг период, и тоа од страна на стручни лица, но пред се како резултат на добиени идеи од страна на младите лица кои се најмногу засегнати од младинските предизвици и најдобро ги чувствуваат младинските потреби, и како резултат на тоа имаат најдобри решенија за истите, додаде Груевски, кога ги најави двата мега проекти за млади.-Започнувајќи од 1 јануари 2016 година, и со цел грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им бид