Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради одигрувањето на суперкупот на УЕФА (закажан за 08.05. на фудбалскиот стадион – Арена “Телеком“ во Градскиот парк во Скопје) од утре (07.05.) ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот. Притоа од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети“ (поранешна “Ленинова“) и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА. Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот “Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата “Рузвелтова“. Притоа од утре во 08,00 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 09.08. на потегот од крстосниците на улиците “Аминта Трети&ldquo
Пронајдете не на следниве мрежи: